Македонија со тројца пливачи на Охридскиот маратон

Евениј Поп Ацев атакува на втора победа


Денеска на патеката „Климе Савин" од Свети Наум до Охрид ќе се одржи 31. оздание на традиционалниот Охридски маратон. Стартот на маратонот ќе биде во 12 часот во Свети Наум, а првите пливачи се очекува на градското пристаниште да пристигнат околу 17.30 часот. Најголем македоски адут за победа е победникот од 2015 година Поп Ацев, а освен него боите на македонија ќе ги барант и Александар Илиевски и Александар Панчевски

Се е подготвено за стартот на 31. Охридски пливачки маратон, кој ќе се одржи денеска на патеката „Климе Савин" од Свети Наум до Охрид, во должина од 30 километри. Стартот на маратонот ќе биде во 12 часот во Свети Наум, а првите пливачи се очекува на градското пристаниште да пристигнат околу 17.30 часот. Главен организатор на маратонот, чиј покровител е претседателот Ѓорге Иванов, е Општина Охрид во соработка со Пливачката федерација, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Република Македонија. Наградниот фонд на маратонот е ист како минатата година и изнесува 10.000 долари.

Годинава на маратонот учество ќе земат 22 учесници од кои 15 во машка и 7 во женска конкуренција, а доаѓаат од Аргентина, Франција, Бразил, Канада, Италија, Германија, Холандија, Хрватска, Русија и Македонија. Охридскиот пливачки маратон, годинава е трета трка на Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и претставува една од најпрестижните и влијае на конечната светска листа на маратонското пливање.

Најголема македонски адут за победа на Охридскиот маратон е победникот од 2015 година Евгениј Поп Ацев, кој минанта година поради една несреќна случка во финишот остана без пласман на подиумот.

-Извлеков неколку поуки и научив многу од грешките што ги направив минатата година и се надевам дека ќе ги исправам годинава и ќе ги израдувам моите фанови, охриѓани и сите во Македонија. Очекувам добра трка на Охридскиот маратон и нормално добар резултат. Има многу добри пливачи и резултатите за целокупната награда се многу тесни. Имајќи го во предвид овој предизвик сигурен сум дека Охридски пливачки маратон ќе биде многу добра трка, изјави Поп Ацев.

Покрај Поп Ацев во Охрдид боите на Македонија ќе ги бранат уште: Александар Илиевски и Александар Панчевски, но нема да плива минатогодишниот победник Томи Стефановски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари