Ел Команданте: Денеска ќе уживаме!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес не го криеше задоволството од синоќешната победа над Црна Гора.

Македонските ракометарите одлично го започнаа Европското првенство во Хрватска - после победата над Словенија, избраниците на Гонзалес славеа и против Црна Гора и моментално се први во групата со максимален учинок во пресрет на последниот натпревар од групната фаза против Германија.

Гонзалес иако не го криеше задоволството од победата над Црна Гора, сепак македонскиот селектор е приземјен и вели дека сега е време да размислуваме на дуелот против Германија.

„Кога победуваме, тогаш победуваме сите. Кога губиме, губиме сите. Сите сме заслужни за ова, не треба да бараме поединци. Ако игравме како во првото полувреме, немаше да се радуваме на крајот од натпреварот. Горд сум што ја променивме ситуацијата и што освоивме четири бода. Денеса ќе уживаме, а утре ќе заборавиме се. Ќе размислуваме на Германија, тоа е многу силен тим. Сакам прво да анализираме, а потоа ќе зборуваме за детали", изјави Гонзалес по вчерашната победа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари