Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа

По некомплетното 5.то коло од Лига Европа вкупно 11 екипи имаат обезбедено пласман во следната фаза што ќе се игра напролет. Покрај досегашните пет екипи (Арсенал, Динамо Киев, БС (Стеауа), Лацио и Зенит) уште шест екипи обезбедија едно од првите две места на табелите. Тоа се екипите: Салцбург, Виљареал, Плзен, Остерсунд, Ница и Реал Сосиедад.

Без шанси за следната рунда покрај: Вардар, Евертон, Макаби Тел Авив по денешните дуели се и екипите на Хапоел Бер Шева, Херта, Витесе, Варегем и Розенборг.

Во тек се уште 10 натпревари од петтото коло од ова натпреварување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари