Бокс

Џошуа продаде 70.000 билети за мечот со Пулев

Фановите на боксот навалија што побрзо да си купат билети за борбата за ИБФ, ИБО и ВБА појасот во тешка категорија меѓу Британецот Ентони Џошуа и Бугаринот Кубрат Пулев на 28 октомври на стадионот Присипалити во Кардиф.

Иако првично зборуваше дека капацитетот за борбата ќе биде 55.000 гледачи, досега се продадени 70.000 билети. Овој меч го собори рекордот за најбрза продажба на билети за настан на стадион надминувајќи го реваншот меѓу Мухамед Али и Леон Спинкс на Супердром во Њу Орлеанс во 1978 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари