Лига на шампиони

Два гола на Роналдо во победата на Реал (М), Ливерпул ремизираше со Севилја

Европскиот шампион Реал Мадрид со триумф ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо се појави во тимот, со оглед дека нема суспензија за елитното натпреварување, и веднаш постигна два гола во триумфот од 3:0 против кипарскиот АПОЕЛ.

Португалецот стрелаше во 12.минута, потоа погоди и од пенал во 51.минута, а капитенот Серхио Рамос со ножички г0 постигна третиот гол.

Во групата Х, Тотенхем ја совлада Борусија Дортмунд со 3:1. Хари Кејн беше стрелец на два гола, серијата ја отвори Хјонг – Мин Сон, а Јармоленко погоди за „милионерите

Ливерпул одигра само 2:2 против Севилја. Бен Једер во петтата минута ги доведе гостите во водство, а израмни Фирмино, кој подоцна не искористи и пенал. Салах донесе предност за Ливерпул, но Кореа сепак постигна гол за еден бод за Севилја. Јирген Клоп потоа во игра го уфрли и Фелипе Кутињо, но Ливерпул не стигна до триумф.

Лига шампиони, резултати

Група Е: Ливерпул – Севилја 2:2, Марибор – Спартак Москва 1:1

Група Ф: Феенорд – Манчестер сити 0:4, Шахтјор Доњецк – Наполи 2:1

Група Г: Порто – Бешикташ 1:3, Лајпциг – Монако 1:1

Група Х: Реал Мадрид – АПОЕЛ 3:0, Тотенхем – Борусија Дортмунд 3:1

Поврзани

Најнови вести

Коментари