МОТО ГП

Довициозо најде лек за Маркез

Дани Педроза го освои третото место откако стартуваше од осмата позиција, а денешната трка беше разочарувачка за Валентино Роси, кој на крајот го освои само седмото место

Италијанецот Андреа Довициозо ја прекина победничката серија на Марк Маркез, со триумфот на австриско гран-при од Мото ГП шампионатот.

Довициозо водеше жестока битка до самиот крај, за да буквално во последниот свиок го мине Маркез и да стигне до својата трета победа сезонава.

Дани Педроза го освои третото место откако стартуваше од осмата позиција, а денешната трка беше разочарувачка за Валентино Роси, кој на крајот го освои само седмото место.

Поврзани

Најнови вести

Коментари