Горан Драгиќ со интересна изјава за својот соиграч

Дончиќ се уште гледа цртани филмови!

Има само 18 години, а игра на вакво големо натпреварување, и не само што игра, туку и „гази" се пред себе. Нашата земја е пресреќна што има ваков талент, немојте да сме сфатите погрешно, но Лука е уште дете. Тој уште гледа цртани филмови, но кога ќе излезе на терен, едноставно е фантастичен, изјави Драгиќ.

Репрезентацијата на Словенија вчера се пласираше во полуфиналето на Европското кошаркарско првенство, откако славеше во дуелот против Летонија со 103:97.

Најзаслужни не само за оваа победа на Словенија, туку и за целокупниот успех на првенството, се Горан Драгиќ (31) и Лука Дончиќ (18), кои ја превземаа улогата на лидери во репрезентацијата.

Капитенот на Словенија, Драгиќ, имаше интересна изјава за својот репрезентативен колега, Дончиќ, кој со 27 поени и девет скока, само ги потврди квалитетите кои ги поседува.  

Лука е најдобриот кошаркар за негова возраст. Всушност, не само на негова возраст, сметам дека тој е најдобар кошаркар од 18 до 25 години. Има само 18 години, а игра на вакво големо натпреварување, и не само што игра, туку и „гази" се пред себе. Игра со многу самодоверба, тој е дијамантот на европската кошарка. Нашата земја е пресреќна што има ваков талент, немојте да сме сфатите погрешно, но Лука е уште дете. Тој уште гледа цртани филмови, но кога ќе излезе на терен, едноставно е фантастичен, изјави Драгиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари