По Гасол со пофални зборови за младиот кошаркар

Дончиќ ќе биде главен во НБА!

Младиот словенски кошаркар, Лука Дончиќ (18), воодушеви со своите настапи на Европското првенство, откако со својата репрезентација успеа да дојде до завршницата и борба за медал. Поради тоа многумина му предвидуваат светла иднина, а меѓу оние кои имаат пофални зборови за него е и шпанскиот кошаркар По Гасол

Младиот словенечки кошаркар и 37 – годишниот шпански ветеран ќе се спротивстават вечерва во 20:30 часот во полуфиналето на Еврпското кошаркарско првенство. Суперталентираниот Дончиќ и пред континенталниот собир играше одлично во дресот на шпански Реал (М), поради што голем број на НБА клубори се распашуваа за него.

Дончиќ има премногу талнт во него и е еден од клучните фактори за успехот на Словенија на ЕП. Доколку одлучи да замине во НБА лигата, тој ќе биде еден од најдобрите кошаркари во неа. Ги има сите предиспозиции за тоа, изјави легендата на Шпанија.

Се очекува Лука да биде на врвот на листата на пикови за наредниот НБА драфт, а може да го помине и По Гасол, кој во 2001 година беше трет пик, одбран од екипата на Атланта.

Младиот Словенец во досегашниот дел од Евробаскетот беше на висина на задачата бележејќи во просек по 16 поени и осум скокови. Особено одлично одигра во 1/4 финалето против селекцијата на Летонија, кофа постигна 27 поени и стана најефикасен 18 – годишен кошаркар во историјата на ЕП. Неговата одлична партија може да се мери само со легендарниот Арвидас Сабонис, кој на 19 години уфрли 28 поени за СССР против Холандија на ЕП во 1983 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари