Дали ќе може да и помогне на Македонија

Денеска ќе се одлучува за Тасовски

Тасовски заработи удар во потколеницата во последната четвртина од вчерашниот дуел против Косово, повреда која, според првичниот впечаток, е од посериозен карактер

Македонската кошаркарска репрезентација најверојатно ќе остане без Димче Тасовски во одлучувачкиот натпревар за нас за продолжување во европските квалификации против Естонија во среда (16. август) во Талин.

Тасовски заработи удар во потколеницата во последната четвртина од вчерашниот дуел против Косово, повреда која, според првичниот впечаток, е од посериозен карактер.

Во текот на денот за Тасовски ќе следат детални лекарски прегледи по што ќе биде утврдена тежината на повредата, но според првичните информации од стручниот штаб на нашата репрезентација тешко дека ќе може да се смета на неговите услуги во Естонија.

Фото: Екипа.мк

Најнови вести

Коментари