ЛАЦИО НЕМА ДА ПОПУШТИ

Дефинирана цената на Кеита

Крилниот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 30 мил. евра

Првиот човек на римскиот калчолигаш Лацио, Клаудио Лотито, испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат до крајот на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на сенегалскиот интернационалец Балде Кеита.

Крилниот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 30 мил. евра.

Најголем интерес за услугите на сенегалскиот интернационалец покажаа раководните лица на Јувентус, Милан и на Интер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари