АЛЕГРИ ИМА РЕШЕНИЕ ЗА ДЕФАНЗИВНИОТ ПРОБЛЕМ

Де Вриј наследник на Бонучи

До пред неколку дена беше актуелна информацијата дека централниот дефанзивец ќе потпише нов договор со Лацио, но таквата информација не беше потврдена од поранешниот фудбалер на Феенорд

Предводникот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Масимилиано Алегри е убеден дека проблемот кој го има со дефанзивната линија може да го реши само со ангажирање на холандскиот интернационалец од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Стефан де Вриј.

До пред неколку дена беше актуелна информацијата дека централниот дефанзивец ќе потпише нов договор со Лацио, но таквата информација не беше потврдена од поранешниот фудбалер на Феенорд.

Големата желба на трофејниот италијански стручњак може да стане реалност само доколку официјалната понуда за централниот дефанзивец не биде помала од 30 мил. евра.

 

Најнови вести

Коментари