Евролига

Де Коло и Теодосиќ главни претенденти за МВП наградата

Кошаркарите на актуелниот шампион во Евролига, Србинот Милош Теодосиќ и Французинот Нандо де Коло, се главни кандидати за МВП наградата оваа година

Србинот до сега ја освои еднаш МВП наградата, во сезоната 2009/10, кога го носеше дресот на Олимпијакос, а минатата година за најкорисек кошаркар беше беше избран Де Коло.

Во изборот од 15 најкорисни кошаркари во Евролигата се најдоа уште и Дерик Браун (Анадолу Ефес), Кит Ленгфорд (Уникс Казан), Николо Мели (Бросе Баскет), Огнен Кузмиќ (Црвена звезда), Ентони Рендолф, Серхио Љуљ, Лука Дончич (Реал Мадрид), Крис Синглтон (Панатинајкос), Василис Спанулис и Јоргос Принтезис (Олимпијакос), Екпе Удох (Фенербахче), Јоханес Војтман (Басконија) и Бред Вонамејкер (Дарушафака).

МВП наградата се доделува од 2005 година, до сега Ентони Паркер е единствениот кој два пати ја освојувал е Ентони Паркер со екипата на Макаби.

Најнови вести

Коментари