Тренерот на „соколите“ задоволен од одличниот старт во домашното првенство

Даскаловски: Не е мала работа да се победи МЗТ Скопје

По одличниот старт на новата сезона во домашното кошаркарско првентсво и победата на гостувањето во Аеродром, против шампионот МЗТ Скопје (85:83), тренерот на Карпош соколи, Борче Даскаловски, истакна дека убаво е кога ќе се победат „металците" пред нивните фанови

Тоа што прво сакам да го направам е да им упатам честитки на моите играчи, пред се за пожртвуваноста со која го одиграа натпреварот, но и поради тоа што останаа со ладни глави, до самиот крај. Сепак морам да кажам дека е недозволиво да имаме толкав пад во играта, забележан од таму некаде крајот на третата, па се до средината на последната четвртина. Сигурно е и дека има причини за тоа. Прво затоа што сме кратко време заедно, а второ затоа што немаме одиграно натпревар речеси еден месец. И покрај тоа добро е што на крајот успеавме да го победиме МЗТ Скопје на гостински терен, тоа не е мала работа. Одиме понатаму, викендов ја имаме Струмица. Прво на ред во нашиот распоред и план за работа е тоа, па дури потоа ќе размислуваме за Европа, и оние натпревари од ФИБА Европа купот, изјави тренерот на гостите Даскаловски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари