Легендарниот хрватски ракометар од ложата го гледаше мечот Вардар – Нант

Дали Ивано Балиќ е новиот спортски директор на Вардар?!

Специјален гостин на натпреварот меѓу Вардр и Нант во Лигата на шампионите беше легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ. Со самото „Ракометниот Моцарт" отвори простор за шпекулации дека, можеби, преговара за работа во Вардар.

Откако Едуард Кокшаров стана селектор на Русија, местото спортски директор во Вардар е празно.

Ивано, на што се должи привилегијата да ве имаме како гостин во Скпоје

„Ха, ха...да одговорам официјално или само си разговараме?", итро возврати Хрватот.
Како повеќе ви одговара - така.

„Дојдов само во посета, малку да погледам ракомет, тоа е сѐ", одговори Балиќ

Да не ве гледаме почесто во салава на Вардар и во иднина?

„Не, не", додаде воопшто некатегорично и низ насмевка, во изјава за интернет порталот Спорт1.

Ивано Балиќ имаше искуство од слична функција во хрватската репрезентација, каде што беше координатор на сите машки селекции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари