РЕЧЕНИЦАТА КОЈА ЈА ПОДИГНА ИТАЛИЈА НА НОЗЕ

Да, подготвени сме да разговараме за трансферот на Роналдо!

Сите овои податоци се доволна индикација за да се дојде до заклучок дека Роналдо ќе стави крај на осумгодишната авантура на "Сантијаго Бернабеу"

Веќе со денови се коментира информацијата дека најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, сака да си замине од редовите на Реал (М). Португалецот пред неколку недели го освои пехарот во Лигата на шампиони, ја освои Примера дивизион, беше крунисан во најдобар стрелец во клупската историја и најверојатно по петти пат ќе ја освои "Златната топка" и на тој начин ќе се израмни со најголемата ѕвезда од редовите на Барселона, Лионел Меси.

Сите овои податоци се доволна индикација за да се дојде до заклучок дека Роналдо ќе стави крај на осумгодишната авантура на "Сантијаго Бернабеу".

Како следни негови дестинации се споменуваат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити или ПСЖ, а тоа е така затоа што само тие клубови можат да издвојат околу 400 милиони евра, колку што би изнесувало обештетувањето, бонусите и платата на португалскиот интернационалец.

Сепка, само една реченица, која е дело на новиот спортски директор на калчо гигантот Милан, Масимилиано Мирабела, успеа да ја подигне цела Италија на нозе.
Иако станува збор за шега, фудбалските медиуми ја искористија познатата фраза дека каде што има дим има и оган.

Ако Кристијано Роналдо има желба да замине од редовите на Реал (М), а шпанскиот клуб го сака Џанлуиџи Донарума, тогаш ние сме подготвени да седнеме на преговарачката маса со претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, изјави Мирабела.

Младиот голман пред неколку дена го одби новиот договор кој беше со важност до 2022 година и кој му гарантираше годишна плата од 5 милиони евра.

Сакавме од него да направиме клупски сѕмбол. Симбол за нашите навивачИ, а Џиџи имаше се што е потребно за таква улога. Ќе беше капитен, а искрено, тоа беше чудесна понуда ако се знае колку години има. Ќе добиеше 25 милиони евра за пет години, а Милан на него ќе потрошеше 50 милиони евра. Да, нема да кријам дека сме погодени од неговата одлука, најмногу поради фактот дека не ни остави ни малку простор за да преговараме. Не е точно дека постоеле тензии помеѓу мене и Мино Раиола. Едноставно, секој тргна по својата патека. Нормално дека сме лути, како што се лути и нашите навивачи. Со голем респект кон Џиџи и Раиола, но секој има право на свој избор. Сега сме во потрага по голман кој ќе биде достоен за Милан. Секој што игра за Милан, мора да знае што значи овој дрес, изјави Мирабела.

Поврзани

Најнови вести

Коментари