ЛИВЕРПУЛ БАРА НОВ ДЕФАНЗИВЕЦ

Црвен дрес за Де Вриј

Поранешниот фудбалер на Феенорд важи за голема желба и на раководните лица на Јувентус, Интер и на Челзи

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на холандскиот интернационалец од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Стефан де Вриј.

Централниот дефанзивец е проценет на околу 30 мил. евра, а се погласни се шпекулациите дека ќе ја промени клупската средина за време на идниот летен преоден рок и дека фудбалската кариера ќе ја продолжи во Англија.

Поранешниот фудбалер на Феенорд важи за голема желба и на раководните лица на Јувентус, Интер и на Челзи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари