Добри вести од Автокоманда

Червар останува уште два месеца во Металург

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, во борба за титулата во домашното првенство ќе го води Лино Червар, кој сигурно останува на клупата на тимот од Автокоманда до јуни. Постои можност соработката да биде продолжена и за следната сезона, бидејќи Червар преговара со Хрватскиот ракометен сојуз да му биде дозволено да го води македонскиот клуб паралелно со селекторувањето на репрезентацијата.

Како што јавува "24ракомет", Червар имал состанок со сопственикот Минчо Јорданов, на кој било договорено да ја заврши сезоната во Металург.

При преговарањето за превземањето на репрезентацијата на Хрватска главниот проблем беше токму Металург. Хрватите сакаа да имаат селектор со „полно работно време" без клупски обврски, а Червар сакаше да продолжи со водењето на македонскиот клуб.

Иако повеќепати Лино Червар најавуваше дека разделбата со Металург ќе биде полесна, се поизвесно е дека тој бара начин како да задржи кормилото на клубот во кој е седум сезони.

Поврзани

Најнови вести

Коментари