Буфон му одговори на Рактиќ за трампата на Светско 2018

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ денеска кажа дека да беше можно, ќе му го отстапел на Џиџи Буфон неговото место на Светското првенство во Русија, а набрзо стигна и одговорот од италијанскиот голман.

– Драг Иван Ракитиќ. како голман можам уште да играм, но да играм за Хрватска во средниот ред на твоето место не е баш најдобра идеја. Го велам ова за твое добро. Шегата настрана, твоите зборови се прекрасен подарок. Ти благодарам тебе и на Жорди Алба, мојот дрес те чека – напиша Буфон на социјалните мрежи.

Во баражите за пласман на СП 2018, Хрватска ја елиминираше Грција, додека Италија загуби од Шведска. Нивните клубови, Барселона и Јувентус утре ќе се сретнат во Лигата на шампиони.

Поврзани

Најнови вести

Коментари