Светско првенство во атлетика

Британците златни на 4х100 метри, Болт не ја заврши трката (Видео)

Штафетата на Велика Британија на 4х100 метри, во состав Чидит Удах, Адам Џемили, Даниел Талбот и Нетаниел Мичел - Блејк , го освои златниот медал на Светското првенство во атлетика во Лондон со резултат 37.47 секунди.

Но, трката ја одбележа најбрзиот човек во историјата, Јамајканецот Усеин Болт, кој трчаше последен за својата земја и не успеа да ја заврши трката, откако падна педесет метри пред крајот. По ваквит расплет на настаните Болт се опростува од атлетиката без златен медал, откао на 100 метри освои сребро, зад Американецот Џастин Гетлин.

Штафетата на САД го освои бронзениот медал, а со бронза се закити Јапонија со време 38.04 секунди
Етиопјанецот Муктар Едрис славеше на трката на 5.000 метри на Светското првенство во Лондон.

Британецот Мохамед Фарах беше главен фаворит за ново злато, но на крајот мораше да му честита на Едрис кој 5.000 метри истрча со време од 13:32.79 минути, додека Фарах на втората позиција имаше време од 13:33.22 минути. Третото место му припадна на Американецот Пол Челими, со време од 13:33.30 минути.

Фарах немаше загубено финале цели 2176 дена, но ова воопшто не беше негова ноќ иако пред својата публика.

-Дадов 110% од себе, но не можев ништо да направам. Тој беше подобар и победи – рече Фарах по трката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари