Jа повлекоа жалбата и ја прифатија вината

Браќата Карабатиќ не успеаја да докажат дека се невини

Француските ракометни репрезентативци Никола и Лука Карабатиќ, одлучија да ја повлечат жалбата по повод пресудата дека се виновни за местење на натпревари во француското првенство од 2012 година, додека играа за Монпелје. По пет години судот во Франција пресуди дека браќата се виновни и им изрече казната е два месеца затвор (условно) и 10.000 евра парично.

Браќата не се помирија со одлуката и се жалеа се до денеска. Денеска одлучија да се повлечат од спорот и да ја прифатат казната која финансиски не е страшна, но спорот се водеше не за пари, туку за да докажат дека не се виновни. Не успеаја во обидот.

Тој скандал имаше големо влијание врз ракометот. Не дека нешто се смени во поглед на обложувањето, но Монпелје тогаш некако се избрза и ги суспендираше играчите. Никола и Лука Карабатиќ по ова преминаа во Екс Прованс од каде што Никола продолжи за Барселона, па подоцна во ПСЖ каде што подоцна му се приклучи и Лука. Профитираше Барселона (шампионска титула во ЛШ), а најголем губитник излезе Монпелје кој од клуб кандидат за пехар во ЛШ се претвори во просечен учесник во елитното натпреварување.

Факт што можеби не сте го знаеле е дека Монпелје го загуби спорниот меч со Рен. Но и следната година, Монпелје загуби од истиот тој Рен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари