Финецот ќе лета со "сребрената стрела" и наредната сезона

Ботас го продолжи договорот со Мерцедес

Финецот Валтери Ботас и наредната сезона ќе вози за Формула 1 тимот на Мерцедес, откако денеска двете страни си подадоа рака за нова соработка, која важи 2019 година

Финецот претходно потпиша едногодишен договор во јануари 2017 година, кога седна во шампионскиот болид на Германецот Нико Розберг, кој пет дена откако ја освои титулата стави крај на својата кариера.

Ботас, кој има 28 години, моментно е третопласиран во генералниот пласман и има забележано три победи во досегашните 13 трки, додека неговиот клупски колега, Британецот Луис Хамилтон, се наоѓа на лидерската позиција.

Финецот ја вози својата петта сезона во најбрзиот циркус на денешницата, а претходно беше дел од тимот на Вилијамс.

Кога потпишав за Мерцедес на почетокот на годината, почувствувам дека ми веруваат, а новиот договор значи дека ја оправдав довербата, изјави Ботас.

Пред доаѓањето во Мерцедес, Валтери не можеше ниту да помириса победа во некоја од трките, имаше девет подиума, а исто токлу оствари и оваа сезона.

Немаше никаква дилема околу продолжувањето на соработката со Ботас, пред се поради неговите настапи оваа сезона. Хемијата и динамиката која постои меѓу Валтери и Луис се покажа како успешна и тоа е она што ни е потребно во борбата за титулата со конкурентите, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Поврзани

Најнови вести

Коментари