Ќе треба да се докажува

Ботас е добар, но не е Розберг

Поранешниот пилот во Формула 1, Алекс Занард, изјави дека Валтери Ботас, новото засилување на шампионскиот тим Мерцедес го има потрбниот талент, но не очекува да може да се бори за титулата, бидејќи тој не е Нико Розберг.

Ботас во тимот на "сребрените стрели" дојде на местото на Розберг, пред еден месец и во новата сезона ќе има тешка задача да се прилагоди во тимот, како и да се мери со трикратниот шампион Британецот Луис Хамилтон.

-Хамилто во изминатитот период докажа дека е над останатите. Розберг успеа да го победи, бидејќи има големи квалитети. Ботас е добар пилот и има светла иднина во најбрзиот циркус на денешницата, но не е Розберг, изјави Занарди.

Според поранешниот почот најголем конкурент на Мерцедес и Хамилтон, во новата сезона ќе бидат пилотите на Ред Бул Даниел Рикардо и Макс Верстапен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари