Лига на шампиони

Борко ја спаси Барса од пораз

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски беше најзаслужен за неочекувано тешката победа на Барселона на домашен терен против Кристијанштад со 31:29 во натпреварот од 2.коло во Групата А од Лигата на шампионите. Македонскиот голман забележа 14 одбрани, но одигра и клучна улога во финишот на мечот во кој Барса ја обезбеди победата.

По ремито во првото коло на гостувањето против Рајн Некар Левен, македонскиот голман одново беше клучна фигура во составот на Барса во решавачките моменти. Ристовски беше сигурен на голот во завршницата на мечот кога домаќините беа во негатива со 27:29 и три одбрани во серија, и овозможи на Барса да тргне во контранапад и да ја осигура победата.

Валеро Ривера беше прв стрелец во каталонскиот тим со осум гола, Камил Сипжак постигна пет од пет, а капитенот Виктор Томас четири од четири во триумфот на Барселона. Тим Соренсен со шест погодоци беше најефикасен во составот на Кристијанштад.

Најнови вести

Коментари