Сити ќе одвои 50 мил. фунти

Бонучи главен во одбраната

Веднаш на старот од летниот преоден рок, раководните лица на популарните "граѓани" ќе испратат официјална понуда за централниот дефанзивец која нема да биде помала од 50 мил. фунти

Најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, ќе биде следната дестинација на централниот дефанизвец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Леонардо Бонучи.

Веднаш на старот од летниот преоден рок, раководните лица на популарните "граѓани" ќе испратат официјална понуда за централниот дефанзивец која нема да биде помала од 50 мил. фунти.

Репрезентативецот на Италија не е во добри односи со актуелниот предводник на "старата дама" и затоа планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари