Бомбаш облечен како полицаец се разнаел во камп за обука во Могадишу

Најмалку 15 полицајци загинаа при самоубиствен бомбашки напад во полициски камп за обука во Могадишу, главниот град на Сомалија.

Напаѓачот бил облечен како полицаец и на себе носел експлозив.

Во нападот се повредени околу 17 полицајци, изјави портпаролот на тамошната полиција Абдулахи Нур.

Одговорноста за нападот ја презема екстремистичката група „Ал Шабаб“, која тврди дека повредени и убиени биле многу повеќе лица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари