Велика Британија има со што да се пофали

Блондинката Линет е поголема "фаца" од Конор Мекгрегор

Покрај борците во ММА категоријата кои со своите успеси во октагонот доаѓаат до светска слава, свој удел во овој спорт имаат и згодните промоторки, како и девојките кои ги означуваат рундите

Често пати токму тие лесно ги ставаат во сенка главните актери на големите спектакли, па затоа љубителите на популарните "крвави спортови# уживаат во убавината на девојките кои директно се вклучени во самите борби. Таков е примерот со сексапилната блиндинка Брук Линет, позната како Бруклин.

Згодната девојка од Шкотска за првпат се појави во кафезот на Светскиот шампионат во 2011 година. Таа одлично ја искористи својата промоција, а за тоа говори и податокот дека денес има над 350.000 фанови на својот фејсбук-профил, како и 110.000 следбеници на социјалната мрежа "Инстаграм".

Воедно, Линет е ангажирана од голем број компаниии во Велика Британија околу нивната промоција, а често знае и да се соблече како од мајка родена за бројните светски магазини.

Поврзани

Најнови вести

Коментари