Клуб со поголема амбиција

Бернардески е најновата желба на Арсенал

Репрезентативецот на Италија е проценет на околу 50 мил. евра, но италијанските медиуми се убедени дека офанзивниот играч за врска нема да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок

Стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Фредерицо Бернардески, е најновата желба на раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

Репрезентативецот на Италија е проценет на околу 50 мил. евра, но италијанските медиуми се убедени дека офанзивниот играч за врска нема да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Офанзивниот играч за врска пред неколку недели изјави дека во новата сезона сака да игра за тим кој ќе биде дел од групната фаза во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Поврзани

Најнови вести

Коментари