Ги воодушеви тениските фановите

Бердих имаше неверојатен гест кон Ѓоковиќ

Eден детал го уловија камерите на патиките на чешкиот тенисер. Томаш Бердих го одигра полуфиналето со мала фотографија од Новак Ѓоковиќ, што веројатно сакал да му пружи поддршка поради повредата која го мачи подолг период

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, не успеа да стигне до посакуваното финале на Вимблдон, откако во 1/4 финалето поради болки во лактот мораше предвреме да го предаде мечот против Чехот Томаш Бердих.

Токму чешкиот тенисер беше елиминиран во полуфиналето, каде налета на неверојатниот швајцарец Роже Федерер, кој го забележа своето 11 финале на Вимблдон.

Но, еден детал го уловија камерите на патиките на чешкиот тенисер. Томаш Бердих го одигра полуфиналето со мала фотографија од Новак Ѓоковиќ, што веројатно сакал да му пружи поддршка поради повредата која го мачи подолг период.

Таквиот потег ги воодушеби љубителите на „белиот спорт", но за ова мора да им се оддаде и почит на камерманите, кои секогаш ловат и најситен детал кај спортистите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари