Германецот повторно го нападна Србинот

Бекер: Ѓоковиќ нема да ја одбрани титулата на Ролан Гарос

Поранешниот тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Германецот Борис Бекер, изјави дека својот поранешен пулен нема шанси да ја одбрани титулата на вториот грен слем турнир годинава Ролан Гарос

Според него, фаворит за титулата ќе биде Шпанецот, Рафаел Надал кој веќе има девет трофеи на париската земја.

Надал и Федерер им испратија јасен сигнал на Мареј и на Ѓоковиќ дека се враќаат на голема врата. Надал сега е фаворит на Ролан Гарос бидејќи покажа на што се е способен. Одлично е што Рафа се врати и мислам дека Ѓоковиќ нема шанси во Париз да ја одбрани титулата, изјави Бекер.

Со оваа изјава тој само ги подгреа страстите меѓу него и српскиот тенисер по нивната разделба, кои и онака беа вжештени откако постојано го критикува за неговите постапки околу исхраната.

Трофејот на Ролан Гарос беше и последна грен слем титула за Ѓоковиќ, откако во финалето го победи Британецот Енди Мареј со 3:6, 6:1, 6:2, 6:4. По тој натпревар Србинот падна во криза и не успеа да триумфира на Вимблдон, САД Опен и Австралија опен.

Србинот до сега има освоено 12 титули од четирите најдобри турнири, а наредна можност за нова титула ќе ја има на турнитор во Франција кој се игра од 28. мај до 11. јуни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари