НОВА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БИСЕРИ

Барди во Леванте, Елмаз во Фенербахче

Трансферот од Ујпешт во Леванте, според најавите, ќе изнесува 1,5 милиони евра а унгарскиот тим, според договорот, ќе добие и 10% од следниот трансфер на Енис Барди

Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди, во новата клупска сезона ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Леванте!

Одличниот играч за врска е веќе во Валенсија каде ги одработува задолжителните лекарски прегледи, а прашање е само на време кога и официјално ќе биде преставен како најнова летна аквизиција на повратникот во шпанската Примера дивизија.

Во изминатите неколку недели Барди доби примамливи понуди од Видеотон, Штутгарт и Динамо Загреб, но на крајот се одлучи да ја прифати онаа од Леванте, пред се поради желбата да настапува на Пиринејскиот полуостров.

Трансферот од Ујпешт во Леванте, според најавите, ќе изнесува 1,5 милиони евра а унгарскиот тим, според договорот, ќе добие и 10% од следниот трансфер на Енис Барди.

За разлика од Барди, неговиот репрезентативен колега, Елиф Елмас, во новата клупска сезона ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче.

Веднаш по пристигнувањето во Истанбул, каде прво ќе го одработи задолжителниот лекарски преглед, младинскиот репрезентативец на Македонија на својот профил на Твитер изрази благодарност и за досегашниот клуб Работнички.

Поврзани

Најнови вести

Коментари