НОВИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ЌЕ ГО ПРЕПОРОДАТ МИЛАН

Аубамејанг прв на кинеското мени

Ваквиот потег е дефиниран како почеток на новата ера на "росонерите", кој повеќе немаат никаква допирна точка со Силвио Берлускони и со Адријано Галијани

За нов спортски директор на италијанскиот калчо гигант Милан е именуван Масимо Мирабели, кој во минатото беше скаут на лутиот градски ривал Интер и на англискиот премиерлигаш Сандерленд.

Новите сопственици на седумкратниот европски клупски шампион, кои се предводени од познатиот кинески бизнисмен Ли Јонгхом, се одлучија за 48-годишниот Мирабели поради вложениот труд и напорната работа во изминатата година.

Мирабели е познат по тоа дека е љубител на неколкумесечна анализа пред да донесе некаква конечна одлука.

Ваквиот потег е дефиниран како почеток на новата ера на "росонерите", кој повеќе немаат никаква допирна точка со Силвио Берлускони и со Адријано Галијани.

Новото раководство веднаш се фати за работа, а пред неколку дена, шефот на стручниот штаб, Винченцо Монтела и новиот спортски директор во живо го следеа реванш 1/4 финалниот дуел од Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Монако и Борусија од Дортмунд.

Кинескиот конзорциум "Росонери Спорт Лукс" сака повторно да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во редовите на Борусија Д., Пјер-Емерик Обамејанг, кој е проценет на 80 мил. евра.

Најнови вести

Коментари