Турција

Антиќ си заминува од Фенер?!

Еден од најпознатите израелски новинари, Давид Пик, на својот "Твитер" профил напиша дека Фенербахче е во преговори со крилниот играч Вил Клајбурн од Дарушафака

Со оваа информација тој најави дека македонкиот интернационалец, Перо Антиќ, е пред излезна врата од турскиот гигант.

Затоа во наредниот период ќе се разјаснат многу работи, дали цинтарот кој се уште е омилен кај навивачите на Олимпијакос и за кого медиумите во Грција се уште пишуваат, ќе го напушти Фенерабхче и ќе пристапи во редовите на Олимпијакос.

Антиќ во Фенербахче дојде во 2015 година, откако претходно две години играше во НБА во дресот на Атланта. Оваа сезона одигра 23 натпревари со мала минутажа во Евролигата и со просек од 4,7 поени и 2,4 скока.

Поврзани

Најнови вести

Коментари