Поранешниот македонски репрезенттивец поднесе жалба

Антиќ не се откажува од голема отштета од полицијата во Њујорк!

Антиќ пред една година ја тужеше њујоршката полиција поради „неправедното приведување пред ноќниот клуб 1ОАК во 2015 година, кое се случило по нападот со нож на НБА-играчот Крис Копланд

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ, нема намера да се откаже од „дебела отштета" на сметка на полицијата во Њујорк. Тој веќе поднел жалба на одлуката за отфрлање на неговата тужба вредна 25 милиони долари.

Антиќ пред една година ја тужеше њујоршката полиција поради „неправедното приведување пред ноќниот клуб 1ОАК во 2015 година, кое се случило по нападот со нож на НБА-играчот Крис Копланд.

Според пишувањата на „Њујорк Дејли њуз", адвокатот на македонскиот кошаркар побарал судијата на овој случај, Џеси Фурман, повторно да го разгледа случајот и да ја смени првобитната одлука според која Антиќ немал право на отштета бидејќи, според него, реакцијата на полицијата била оправдана, а тој не бил повреден за време на приведувањето.

Адвокатите на Антиќ од судијата бараат можност предметот да влезе во судницата и истиот да биде презентиран пред порота, која потоа би донела одлука дали апсењето на Антиќ било според законот или, пак, неговите права биле повредени за што би му следувала парична компензација.

Неговиот поранешен клупски колега од Атланта хокс, Тибо Сефолоша, кој беше уапсен заедно со Антиќ, во посебен процес доби отштета од 4 милиони долари од полицијата во Њујорк.

Поврзани

Најнови вести

Коментари