Македонскиот кошаркар му посака добредојде на Елиф Елмаз

Антиќ: Направи ги среќни навивачите на Фенер со твоите игри!

Македонскиот фудбалски талент, Елиф Елмас одлучи наредната сезона да го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче.

Иако имаше многу понуди на своја адреса на крајот реши да му каже „да" на гигантот и да го реализира овој трансфер во кој удел имаше и македонскиот центар Перо Антиќ, кој од 2015 година е дел од семејството на Фенербахче.

Поради тоа Елмас му се заблагодари, а веднаш стигна и одговорот од поранешниот капитен на нашата репрезентација.

Добредојден си млад пријателе. Сега се е на тебе. Направи ги среќни навивачите на Фенер со твоите игри. Се гледаме во Истанбул, порача Перо.

Поврзани

Најнови вести

Коментари