Главен во Атина

Антиќ му удри шлаканица на Синглтон и ги налуту навивачите на ПАО (Видео)

Мечевите меѓу грчките и турски екипи секогаш се интересни за следење, бидејки позната е нивната нетолеранција во навивањето.Вечерва Фенербахче во рамките на плејофот од Евролигата, гостува во Грција кај Панатинаикос, омразениот кошаркарски клуб на неговиот поранешен клуб Олимпијакос од Пиреа, и очекувано беше дека Антиќ ќе биде постојано напаѓач од трибините.

Главната причина за жестоки навреди кон Антиќ од страна на фановите на ПАО, беше моментот кога се повлече од игра, тој се поздрави со сите на клупа, а им мавна симболично и на навивачите на Панатинаикос, по што тие збеснаа и упатија серија на вербални напади врз Антиќ.

Натпреварот го доби Фенербсхче со 80:75, за огромна предност од 2:0 во победи во пресрет на двете средби во Истанбул што ќе бидат на програмата следната седмица.

Антиќ одигра осум минути, период во кој реализираше три поени и два скока, а најдобри поединци кај Фенербахче беа Богдановиќ со 25 и Удох со 22 поени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари