ЕП 2017 - Група "А"

Англија одигра два во еден

Иако селекцијата на Ејди Бутројд имаше негатива од еден гол во првите 45 минути, младите „лавови" за десетина минути успеаа да го свртат натпреварот во своја корист и така осигураа важни три бода по ремито со Шведска во првото коло

Младата англиска репрезентација ја обезбеди првата победа на претстојното ЕП во Полска, откако преку пресврт ја совладаа селекцијата на Словачка со резултат од 2:1.

Иако селекцијата на Ејди Бутројд имаше негатива од еден гол во првите 45 минути, младите „лавови" за десетина минути успеаа да го свртат натпреварот во своја корист и така осигураа важни три бода по ремито со Шведска во првото коло.

Со оваа победа Англија се искачува на првата позиција во групата А со четири бода, еден повеќе од Словачка, а комплетната состојба по второто коло во оваа група ќе се знае по натпреварот Полска – Шведска.

На домаќинот му се заканува елиминација доколку го загуби и овој меч, а репзентацијата на Шведска со триумф ќе се изедначи со Англичаните. Евентуално реми ќе создаде мешаница и се' ќе се одлучува во последното коло.

Најнови вести

Коментари