Пристигна "ЛА БОМБА" во Премиерлигата

Англичаните полудеа по девојката на Хесе

Шпанскиот голгетер Хесе Родригез во наредната сезона ќе го носи дресот на премиерлигашот Стоук, а заедно со него во најсилната англиска лига пристигнува и атраквивната девојка Аура Руис, која неодамна му роди дете

За Хесе се зборуваше дека е најдобар напаѓач кој излезе од младинската школа на "кралевите", но Шпанецот не доби вистинска шанса во екипата на Реал (М), па минатата сезона беше продаден во француски ПСЖ, кој прво го испрати на позајмица во Лас Палмас.

Минатото лето за прв пат заедно се појавија во јавноста при промоцијата на Хесе во ПСЖ. Двајцата се редени на Канарските острови, а англиските фанови полудеа по Аура која на социјалната мрежа "Инстаграм" има над 250.000 следбеници.

Поврзани

Најнови вести

Коментари