БАЕРН (М) ЌЕ ГО ОДВРЗИ ЌЕСЕТО

Анчелоти го мерка Хамшик

Сепак, поголемиот дел од италијанските медиуми се убедени дека словачкиот интернационалец нема да ја промени клупската средина

Словачкиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Марек Хамшиќ е најновата желба на актуелниот предводник на германскиот гигант Баерн (М), Карло Анчелоти.

Трофејниот италијански стручњак е убеден дека се потребни околу 30 мил. евра за да се осигураат услугите на искусниот играч за врска кој во последниот период не е задоволен од минутажата која ја има на "Сан Паоло".

Сепак, поголемиот дел од италијанските медиуми се убедени дека словачкиот интернационалец нема да ја промени клупската средина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари