Европски клупски куп во шах

Алкалоид ја реши и Падова, Гамбит загуби од Баја Маре

Шахистите на Алкалоид ја запишаа и четвртата победа на Европскиот куп кој се игра во Анталија, Турција, откако славеа убедливо со 5,5:0,5 против Падова во петтото коло.

Без поголеми проблеми „фармацевтите" стигнаа до новиот триумф во мечот во кој единствено ремизираше Дмитриј Јаковенко на петтата табла. Победа забележаа Лирен Динг, Павел Елјанов, Дмитриј Андрејкин, Ју Јангжи и Јури Криворучко.

Шахистите на Гамбит, пак, го забележаа и вториот пораз, овој пат од Баја Маре со 5:1.

По 5. коло, Алкалоид со 8 бода е на делба на третата позиција, додека Гамбит со 6 бода е на делба од 9. до 17. место меѓу 36 екипи колку што учествуваат на Купот на шампионите.

Синоќа Алкалоид го одигра и клучниот меч во битката за одбрана на титулата против прворангираниот тим на Купот, ШК Глобус.

Поврзани

Најнови вести

Коментари