За посилен среден ред

Алегри гледа спас во Чан

Раководните лица на "старата дама" се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за обесштетувањето на поранешниот фудбалер на Баер од Леверкузен

Проблемот кој го има со средниот ред, предводникот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ќе се обиде да го реши со ангажирање на германскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Емре Чан.

Раководните лица на "старата дама" се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за обесштетувањето на поранешниот фудбалер на Баер од Леверкузен.

Сепак, англиските медиуми се убедени дека малдиот играч за врска нема да ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари