МУРИЊО НЕ САКА ДА СЕ ЗАМАРА СО РОУЗ

Ако зборам, ќе се налути Покетино и Леви

Менаџерот на популарните "петли", Маурицио Покетино веднаш дојде до заклучок дека Роуз сака да ја промени клупската средина и дека веќе разговарал со Жозе Мурињо за трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед

Предводникот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, откри дека повеќе нема да даде никаков коментар кога е во прашање клупската иднина на офанзивниот бек од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Дени Роуз.

Пред неколку дена, репрезентативецот на Англија откри дека не е задоволен од трансфер-политиката на неговиот клуб и дека користел интернет за да открие кој е тој фудбалер кој е поврзуван со трансфер во редовите на Тотенхем.

Менаџерот на популарните "петли", Маурицио Покетино веднаш дојде до заклучок дека Роуз сака да ја промени клупската средина и дека веќе разговарал со Жозе Мурињо за трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед.

Повеќе нема да ги коментирам прашањата кои се однесуваат на Дани Роуз. Маурицио Покетино нема да биде среќен, сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, нема да биде среќен ако дадам некаков коментар. Единствената вистина е таа дека јас немам никаква врска со интервјуто кое го даде Дани Роуз. Јас само го прочитав како што знам да читам. Го прочитав, но Дани Роуз е фудбалер на Тотенхем и тоа не е мој проблем, изјави португалскиот стручњак.

Англиските медиуми наголемо пишуваат дека офанзивниот бек ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 милиони фунти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари