Поради жестоките обвинувања од Огнен Дедиќ

АБА лигата го казни Карпош соколи со 12.000 евра

Поради жестоките обвинувања од страна на претседателот на кошаркарскиот вицешампион на Македонија, Карпош соколи, Огнен Дедиќ, регионалната кошаркарска АБА лига го казни македонскиот клуб со 12.000 евра

Раководството на АБА ја разгледува и опцијата за повеќегодишна забрана за учество на „соколите" во натпреварувањата под закрила на АБА лигата. Тука веројатно се мисли и на Втората АБА лига.

Дедиќ неодамна изрече низа обвинувања до раководството на АБА кое не му дозволи на Карпош соколи да се натпреварува и следната сезона и покрај обезбедениот опстанок, туку му испрати покана за учество во Втората АБА лига, потег што Дедиќ го оцени како понижувачки.

Интересно е тоа како челниците на АБА лигата мислат да ја наплатат казната од Карпош соколи кога клубот веќе не е член на регионалното натпреварување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари