ЈП "ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО" ЌЕ ГО УРЕДУВА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО БЛИЗИНА НА ГТЦ

Зимзелени и листопадни дрва на местото на исушените грмушки и шут!

Станува збор за површина од отприлика 200 метри квадратни, отстранет е целиот шут и поради лошите временски услови, но и бидејќи е калливо поради дождовите овие денови и семето што е заседено да не го изгазиме, од понеделник кога ќе се подобрат временските услови започнуваме со хортикултурно уредување, вели директорот на ЈП Паркови и зеленило Душан Авировиќ

Градот Скопје реагираше на невистинитите информации објавени на неколку интернет-портали за наводно сечење на дрва во близина на Градскиот трговски центар.

На официјалната интернет-страница, Градот Скопје со соопштение ја информираше јавноста дека на ова место се искастрени неколку грмушки, а не дрва како што беше наведувано во одредени портали.

-На ова место се искастрени неколку грмушки од видот таџус баццата, а не дрва како што наведоа неколку интернет-портали.

Стручните служби од ЈП "Паркови и зеленило", по извршен увид оцениле дека истите се делумно исушени и треба да бидат отстранети. Во наредниот период екипи на јавното претпријатие ќе пристапат кон целосно хортикултурно уредување на овој простор, стои во соопштението на Град Скопје.

Како што вели и директорот на ЈП "Паркови и зеленило", Душан Авировиќ на оваа површина во договор со Градот Скопје ќе се постават садници кои ќе го разубават тој дел околу Градскиот трговски центар.

-Дел од грмушките беа суви, гранките искршени и затоа се отстранија. Работата на ЈП Паркови и зеленило започна во вторникот веднаш по велигденските празници, а сега таа површина е израмнета. Станува збор за површина од отприлика 200 метри квадратни, отстранет е целиот шут и поради лошите временски услови но и бидејќи е калливо поради дождовите овие денови и семето што е заседено да не го изгазиме, од понеделник кога ќе се подобрат временските услови започнуваме со хортикултурно уредување. Треба да се договориме со Градот Скопје што ќе се посади таму. Дали ќе има класични зимзелени садници или мини градина со елементи од камења, најверојатно ќе одиме со првата варијанта со зимзелени и листопадни садници, вели директорот на ЈП "Паркови и зеленило". Таму постои и еден друг проблем што граѓаните не го гледаат под таа површина веќе е бетонот каде што е Трговскиот центар и поради тоа мора да одиме со нискоџбунести растенија од причина што другиве не ќе може да се развиваат, вели директорот на ЈП "Паркови и зеленило", Душан Авировиќ.

Тој ги потсети граѓаните дека ЈП Паркови и зеленило работи со полна пареа и дека во рок од два месеца се засадени повеќе од 4.000 садници на територија на Град Скопје.

-Ние засадивме како никогаш во историјата на Град Скопје 4.040 садници во периодот февруари март. Во паркот на природата во Гази Баба имаме засадено 750 увозни садници. Нови садници, жардиниери има и во Ѓорче Петров према црквата. Само во спортско-рекреативниот центар Сарај насадивме 70 брези. На цела територија на Град Скопје работиме и насадуваме зеленило. Имаме професионален фотограф кој секоја работна активност на ЈП Паркови и зеленило ја слика, се е тука, се е документирано, вели директорот на ЈП Паркови и зеленило Душан Авировиќ.

И Град Скопје велат дека за кратко време ќе се заврши хортикултурното уредување во близина на ГТЦ.

-Насадена е трева на таа површина, а тоа ќе бидат засадени зимзелени и листопадни дрва, велат надлежните од Град Скопје.

Градот Скопје изминативе години реализираше голем број на проекти за подобрување на состојбата со зелените површини, како што се изградба на нови паркови, уредување на постоечките паркови, спроведување на акции за садење на дрвја и садници, со масовно темпо. (Б.Л.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари