Последната жртва е дете од Скопје

Започна кампањата „НЕ за селфи на воз-вреди да живееш"

Преку кампања „НЕ за селфи на воз - Вреди да живееш" МЖ Транспорт ад Скопје ќе ги едуцира основците и средношколците во Скопје за ризиците од фотографирање на вагоните во депото на МЖ Транспорт, по неодамнешниот случај во кој од струен удар загина 15-годишно момче

Кампањата почна вчера во државното средно училиште „Владо Тасевски" каде на учениците им беа поделени и претставени флаери и видео презентации со пораки „спречи го твојот другар да се докажува" и 25 KV = na 25.000 V или 5.000 пати повеќе за да го наполните вашиот мобилен телефон". Подготвени се тимови кои ќе ги посетат сите основни и средни училишта во Скопје и ќе укажуваат на опасностите од електричната инсталација кај возовите.

- Ќе делуваме едукативно кон младите луѓе да го користат возот како превозно средство, а не за качување на крововите и правење фотографии. Имаме многу поубави места за фотографии во возот и во Македонија каде можеме да отидеме со воз, да излеземе надвор и да направиме фотографии, рече Игор Коруноски, директор на МЖ Транспорт.

Ризично е и може да биде фатално, како што нагласи, да се виде близу и на еден или еден и пол метар до инсталацијата.

- Ги правиме сите напори да ги информираме луѓето да не се движат во тој простор, кој за таа цел е ограден и се поставени табли дека е забрането движење. Исто така на вагоните се поставени табли на кои е означено место со висок напон, а и столбовите на кои е електричната инсталација има посебно посебни ознаки, наведе Коруноски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари