ГРАД СКОПЈЕ ГИ ОБЈАВИ СУПЕР ЖУРКИТЕ ЗА АВГУСТ И СЕПТЕМВРИ

Забава на секој ќош и еден саат подолго џускање за Супер купот!


Станува збор за проект за организирање на голем број на забавни настани во Скопје секој викенд, поточно петок и сабота, на повеќе локации во Скопје. Супер Скопје ќе започне на 7 август, со отворањето на 10-то јубилејно издание на Пиволенд, каде и оваа година на Скопското кале сите ќе може да уживаат во одлично пиво, скара и музичка програма. Како една од музичките атракции кои ќе настапат на скопскиот Пиволенд сакам да Ви го најавам белградскиот состав С.А.Р.С кои ќе настапи на 12 август во сабота

Август и септември во Скопје ќе има одлична забава, со многу музика и голем број на настани кои ќе се одржуваат под мотот „Супер Скопје". Секој викенд на различни локации жителите и посетителите на Скопје ќе имаат можност да проследат голем број на концерти и други културно-уметнички настапи.Целта е да се збогати летната содржина за забава во Градот, но и во пресрет на Супер купот на гостите да им се понуди повеќе забава.

Ова го соопшти градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претставници на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти во Скопје.

- Станува збор за проект за организирање на голем број на забавни настани во Скопје секој викенд, поточно петок и сабота, на повеќе локации во Скопје. Супер Скопје ќе започне на 7 август, со отворањето на 10-то јубилејно издание на Пиволенд, каде и оваа година на Скопското кале сите ќе може да уживаат во одлично пиво, скара и музичка програма. Како една од музичките атракции кои ќе настапат на скопскиот Пиволенд сакам да Ви го најавам белградскиот состав С.А.Р.С кои ќе настапи на 12 август во сабота. На 8 август во Скопје ќе се одржи фудбалскиот УЕФА Супер куп, настан од исклучително голема важност за Скопје и во рамките на овој настан ќе се одржат голем број на забавни и музички настани. Потоа на 18 и 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и 2 септември на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Програмата ја креираме во соработка и на предлог на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, кои најдобро се запознаени со музичките вкусови на посетителите на локалите, истакна Трајановски.

Во моментов, тој посочи, се разговара со повеќе музички изведувачи и нивните имиња и датуми на настап ќе се соопштат кога ќе имаме потврда за тоа.

- Ги повикувам граѓаните и посетителите на Скопје да уживаат ова лето во одлична забава - вели градоначалникот.

Градоначалникот Трајановски најави дека ќе поднесе и иницијатива за овој период работното време на угостителските објекти и локали да се продолжи за еден час.
Во рамки на „Супер Скопје" на секоја од предвидените места каде што ќе се одржуваат концертите и забавите, договорено е со сопствениците и менаџерите на локалите настапите во петок и сабота да се одвиваат на различни локации.

Проектот „Супер Скопје" се организира во соработка и на барање на угостителите кои предложија вакви настани со цел заживување на Скопје, пред се во летниот период. Градот Скопје има намера овој проект да стане традиционален и да се организира секоја година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари