Вооружени грабежи во аптека и казино на „Партизанска“

Вооружени лица вчеравечер ограбиле аптека и казино на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Вчера во полиција С.С.(35) пријавила дека во аптека на „Еурофарм" од страна на непознато лице вооружено со пиштол било извршено разбојништво. Разбојникот украл околу 32.000 денари и избегал.

Истата вечер три лица маскирани и вооружени со огнено оружје извршиле грабеж во казино „Астра". Тие украле околу 181.500 денари.

Полицијата трага по сторителите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари