Утре мирен протест

Во спомен на Ненад велосипедистите ќе возат до клучката во Драчево на која загина

Неформалната група скопски велосипедисти "На точак" утре во спомен на Ненад Пешевски кој на велосипед загина на клучката кај Драчево- Батинце,  ќе возат на велосипеди од плоштад Македонија до спорната крстосницата со што преку мирен протест ќе го изразат незадоволството од безбедноста на скопските улици

Во четврток се придружуваме на протестот на семејството на Ненад Пешевски, на неговите блиски, соседи, на сите луѓе кои се потенцијални жртви на небезбедните скопски улици. Ненад почина на 30-годишна возраст после удар од камион додека го возел својот велосипед на крстосницата меѓу Батинци и Драчево.

-Вакви вести слушаме речиси секојдневно. Оваа серија на убиства во сообраќајот мора да престане! Скопје е град, не бојно поле! Има начини како да се зголеми безбедноста кои се општо познати, но недостасува политичка волја.Да ги размрдаме одговорните! Во текот на наредните денови во настанот на Фацебоок ќе споделиме повеќе информации за случајот на Ненад, за незбезбедноста на скопските улици и предлози како да станат побезбедни.Придружете ни се во битката за побезбедно Скопје!Никој не замислува дека вакво нешто баш нему или на негови блиски ќе им се случи, но се случува, без разлика дали е централно градско подрачје, приградска населба...Затоа, заедно да спречиме идни жртви!Спомен за Ненад, безбедни улици за сите!, посочуваат од групата На точак.

Велосипедистите ќе се собираат во четврток на Плоштад Македонија.

-Ќе возиме точаци заедно до местото на протестот каде загина Ненад на раскрсницата пред Драчево. Времето на тргнување ќе го објавиме во текот на утрешниот ден, но сигурно ќе биде по 17 часот.На локацијата ќе биде поставен бел точак за спомен (ghost bike), како изразување почит за жртвата, но и како потсетник за учесниците во сообраќајот за вакви случаи да не се повторат. Доколку сте во можност, спремете ваши пораки на хамер или платно за протестот. И не заборавајте ги вашите светла. Ќе возиме навечер по регионален пат, велат од групата

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари