КОГА ИМА ВРАБОТУВАЊА, ИМА И ЖИВОТ

Во Илинден се градат три згради и трговски центар на три нивоа

Во рамките на комплексот ќе бидат изградени 3 станбени згради со приземје, 5 ката и поткровје, со 170 станови со површина од 45 до 155 метри квадратни, како и трговски центар на три нивоа, со површина од 1.900 метри клвадратни

Три згради и трговски центар започнаа да се градат во Илинден. Камен-темелникот на новиот станбено-деловен комплекс во општината беше поставен вчера. На поставувањето и осветувањето на камен-темелникот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Спород најавите на инвеститорот, фирмата "Унија клуб", вкупната инвестиција за станбено-деловниот комплекс во населба Илинден изнесува 7,5 милиони евра. Во рамките на комплексот ќе бидат изградени 3 станбени згради со приземје, 5 ката и поткровје, со 170 станови со површина од 45 до 155 метри квадратни, како и трговски центар на три нивоа, со површина од 1.900 метри клвадратни.

- По­­сле­д­ни­ве години Општина Или­н­­ден, покрај тоа што стана ус­пеш­­на инвеститорска де­стинација е и посакува­но и убаво место за живеење. Како резултат на квалитетното про­с­­торно планирање и инвестиции­те во ин­фра­стру­кту­рата, об­ра­зова­ни­­е­то, дет­ската за­ш­­ти­та, услужните деј­­но­с­­ти ба­н­ки, по­шти, супермарке­ти, континуирано се зголемува бројот на жители на Општина Илинден, велат од Општина Илинден.

Од Општината додаваат дека со цел да им се излезе во пре­срет на барањата на гра­ѓа­ните, но и на потенцијалните до­маш­ни и странски ин­вес­ти­тори, а согласно Стра­те­ги­ја­та за Ло­ка­лен економски развој, Општина Илинден е на­сочена кон ур­ба­ни­зирање на про­с­торот и создавање на услови за ин­ди­видуално и колек­ти­в­но до­му­­вање.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари