Летна градежна офанзива

Во Бардовци 29 улици ќе се поплочат со бекатон плочки


Општина Карпош и во текот на летните горештини, продолжува со несмален интензитет на асфалтирање и реконструирање на улиците

Во населеното место Бардовци, се асфалтираше кракот во должина од 200 метри на улицита „6", после црквата Св „Тројца". Должината на асфалтираниот крак од оваа улица ќе биде 320 метри. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски истакна дека во текот на летниот период, уште дваесет и девет улици во населбата Бардовци ќе бидат поплочени со бекатон плочки.

Првиот човек на локалната самоуправа, нагласи дека следи проширување на улицата „6", како и поставување на фекална канализација на улица „К" , која се наоѓа покрај железничката пруга која поминува низ оваа населба во Општината Карпош.

Поврзани

Најнови вести

Коментари