ГРАД СКОПЈЕ И ФФМ: СКОПЈЕ БЕШЕ ОДЛИЧЕН ДОМАЌИН

Супер купот ни донесе над 100 000 туристи

-Честитките за одличната организација на УЕФА Супер Купот пристигнуваат од сите страни, а според првичните информации во Скопје, на фан зоната на плоштадот Македонија и низ најфреквентните локации во Скопје овие неколку денови биле присутни над 100.000 лица, истакна градоначалникот на Скопје, Трајановски

На натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед присуствувале околу 33.000 навивачи, а Скопје изминатите дена го посетиле повеќе од 100.000 туристи, информираа градските власти. Заклучокот и на Град Скопје и на ФФМ е дека метрополата се покажала како одличен домаќин со беспрекорна организација.

- Сметам дека бевме на ниво на задачата и дека Скопје се покажа како одличен домаќин, и ги исполнивме сите барања и стандарди кои УЕФА ни ги постави за одржувањето на натпревар од овој ранг. Изминативе неколку денови Скопје го посетија голем број туристи и љубители на фудбалот, кои имаа можност да се запознаат со нашиот град, неговите убавини и култура и сигурен сум дека не останаа рамнодушни на се она што имаме да им го понудиме. Честитките за одличната организација на УЕФА Супер Купот пристигнуваат од сите страни, а според првичните информации во Скопје, на фан зоната на плоштадот Македонија и низ најфреквентните локации во Скопје овие неколку денови биле присутни над 100.000 лица, истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, ја искажа својата благодарност до сите страни кои беа вклучени во проектот УЕФА Супер Куп Скопје 2017.

- Вчеравечер имавме изворедна организација, што беше потврдено од челните луѓе на ФИФА и УЕФА, како и од клубовите Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Она што се случи вчера ни дава мотив и поттик да работиме и понатаму, дека ФФМ ќе аплицира и за други проекти, за во иднина повторно да сме домаќини на големи натпреварувања. Ние како ФФМ, како социјално одговорна организација, се погриживме тоа да биде дел од свечената церемонија на отворањето на настанот,
каде што со свој настап учествуваа учениците од „Партение Зографски" со нивната интерпретација на хитот на Колдплеј. Нивниот прекрасен настан побуди емоции не само кај присутните на стадионот туку и кај сите покрај малите екрани. На овој настан го воведовме и концептот за т.н. „вејст менаџмент" (њасте манагемент), односно контрола на отпад, каде што заедно со Градот Скопје и јавните претпријатија направивме стадионот, околните места и фан зоните да бидат чисти и целосно во согласност со стандардите за заштита на животната средина на УЕФА. Дополнително, на националната арена „Филип Втори" беше имплементиран концептот за здрави стадиони, каде што беше воведена забрана за пушење - кажа Поповски.

Градоначалникот Трајановски најави дека активностите на градот во насока на збогатувањето на содржините за жителите на Скопје и посетителите ќе продолжат во наредниов период преку проектот „Супер Скопје" кој годинава започна со "Пиволенд".

Поврзани

Најнови вести

Коментари